August 26, 2025 | | Македонија
Фудбалерите на Работнички приредија вистински спектакл на стартот од Купот на Македонија, совладувајќи го тимот на Карбинци со неверојатни 0-16. Тимот од Дебар Маало кој во првите три кола од Првата лига немаше постигнато гол, на овој натпревар ја покажа целата офанзивна моќ и постигна резултат кој ќе остане запаметен во историјата на Купот. Оваа победа е втората најубедлива во историјата на натпреварувањето. Работнички го надмина рекордот на Вардар (16-1 против Пролетер), а единствено пред нив останува легендарниот резултат на Брегалница од 22-0 против Ново Црнилиште. На полувреме Работнички веќе водеше со 0-9, а во второто полувреме „романтичарите“ додадоа уште седум погодоци. Во листата на стрелци се запишаа Николовски (2), Далеј (2), Демири, Мециновиќ, Кадриу, Асани (2), Ангелов, Елези, Бошњаков, Жаку (2) и Хоџа (2). И останатите прволигаши покажаа ефикасност. Брегалница на гостувањето кај Победа Валандово славеше со убедливи 0-6, додека Силекс беше уште поубедлив против Евротип со 1-7. Македонија ЃП, пак, одигра речиси совршен меч против Љуботен и победи со 0-14, во дуел кој формално беа гости, иако се играше на нивниот стадион во Ѓорче Петров. Изненадување приредија Охрид и Детонит Плачковица. Охрид успеа на пенали (5-3) да ја елиминира Брера, откако во регуларниот дел мечот заврши 1-1. Во исто време, Башкими на свој терен беше совладан со 1-4 од Детонит Плачковица и ја заврши авантурата во Купот уште во првата рунда.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |