August 26, 2025 | | Свет
Сагата со иднината на Александер Исак продолжува. И покрај одржаната средба со газдите на Њукасл кои го молеле да остане, сепак шведскиот шпиц не планира да го промени својот став и продолжува да форсира трансфер во Ливерпул. Англискиот шампион пак во текот на летото испрати официјална понуда за услугите на Исак, но истата беше одбиена од Њукасл. Сепак, одбивањето сериозно го налути Исак, кој јасно стави до знаење дека неговата иднина ја гледа исклучиво на „Енфилд“. Според новинарот Фабрицио Романо, Ливерпул не планира да се откаже и во наредните денови ќе испрати нова, значително подобрена понуда само ако Њукасл е спремен за такво нешто. Воедно, за да се комплетира трансферот, ќе биде потребна рекордна отштета бидејќи Њукасл не планира лесно да се откаже од својот клучен играч. Исак, кој во претходната сезона се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во Англија, е решен да направи следен чекор во кариерата и да заигра за актуелниот шампион.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |