August 27, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е на чекор до сензационално враќање во својот поранешен клуб – Наполи. Италијанските медиуми пренесуваат дека во текот на вчерашниот ден бил постигнат голем напредок во преговорите, а до официјализација на трансферот недостигаат само последните детали. Се очекува Елмас повторно да го облече синиот дрес на „Партенопеите“ како позајмен фудбалер, со клаузула која би му овозможила на Наполи да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната. Овој трансфер претставува вистинска приказна со емоции, бидејќи Елмас од 2019 до 2024 година беше еден од милениците на навивачите во Неапол. Во петте сезони одигра 189 натпревари, постигна 19 погодоци и запиша 11 асистенции, оставајќи длабока трага во тимот. Со Наполи ги оствари и најголемите успеси во својата кариера – триумфот во Купот на Италија во 2020 година и историското Скудето во 2023, со кое „Партенопеите“ ја прекинаа децениската доминација на северноиталијанските клубови. Доколку враќањето се реализира, Елмас повторно ќе има можност да игра пред преполните трибини на „Диего Армандо Марадона“ и да се бори за уште една успешна страница во својата кариера.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |