August 27, 2025 | | Свет
Италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите за враќање на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во Наполи се во завршна фаза. Голем број извори денеска јавуваат дека остануваат само уште детали пред официјалната потврда. Според новинарот Николо Шира, Елмас веќе си подал рака за договор со Наполи на 1+4 години и плата од 3 милиони евра по сезона. Фудбалерот на РБ Лајпциг ќе се пресели на позајмица во Наполи, за која италијанскиот клуб ќе плати околу 2 милиони евра. Доколку се активира опцијата за перманентен трансфер, „партенопеите“ ќе треба да платат 12 милиони евра, а дел од медиумите пишуваат дека сумата може да достигне и до 16 милиони евра. Наполи паралелно работи и на ангажман на данскиот напаѓач Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |