Шкупи повторно во проблеми со ВАР – неизвесно каде ќе игра против Вардар

August 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Шкупи повторно во проблеми со ВАР – неизвесно каде ќе игра против Вардар

Проблемите на Шкупи со имплементацијата на ВАР-системот продолжуваат и за вториот натпревар кој клубот треба да го одигра на домашен терен оваа сезона. По службениот пораз против Силекс, сега неизвесно е и каде ќе се одигра дербито со Вардар. Од управата на клубот информираат дека активно се бара алтернативен терен, а како најреална опција во моментов се споменува стадионот во Тетово, иако конечна одлука сè уште нема. Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) потврдија дека Шкупи е во процес на регулирање на техничките услови за користење на ВАР. Доколку системот биде подготвен навреме, можно е тимот веќе во наредниот натпревар на домашен терен повторно да игра во Чаир.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.