Гарначо конечно ќе го исполни својот сон и ќе го напушти Манчестер Јунајтед

August 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гарначо конечно ќе го исполни својот сон и ќе го напушти Манчестер Јунајтед

Алехандро Гарначо наскоро ќе се приклучи на редовите на еден од најголемите ривали на Манчестер Јунајтед, Челси. Според најновите информации, двата клуба ги договараат последните детали, а трансферот би требало да се реализира за сума помеѓу 35 и 40 милиони фунти. Иако Гарначо беше на мета и на Баер Леверкузен, како и на клубови од Италија и Саудиска Арабија, од самиот почеток Аргентинецот сакаше да остане во Премиер лигата, што сега изгледа најверојатното сценарио. Гарначо пред Манчестер Јунајтед беше дел од Атлетико Мадрид, но уште како тинејџер пристигна на „Олд Трафорд“, каде прво беше дел од младинските категории, додека дебито во првиот тим го забележа во 2022 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.