Голманот-херој на Гримсби: Среќен сум, но боли затоа што навивам за Јунајтед

August 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Голманот-херој на Гримсби: Среќен сум, но боли затоа што навивам за Јунајтед

Манчестер Јунајтед доживеа ново понижување и синоќа беше елиминиран од Лига Купот по пораз од Гримсби, клуб кој настапува во четвртата лига на англискиот фудбал. Натпреварот заврши без победник во регуларниот дел, а во пенал-рулетот поуспешни беа домаќините. Херој на триумфот стана голманот Кристи Пим, кој успеа да одбрани клучни удари и да му донесе историски пласман на Гримсби во следната рунда. По натпреварот тој даде интересна изјава, откривајќи дека и самиот е навивач на Јунајтед. „Бесен сум на некој начин, не ми е сеедно. Јас сум навивач на Манчестер јунајтед“, изјави Пим, објаснувајќи дека чувството е мешавина од радост поради успехот на својот тим и разочараност што токму клубот кој го поддржува испадна. За „црвените ѓаволи“ ова е уште еден удар на почетокот од сезоната, која веќе започна со низа разочарувања и негативна атмосфера околу тимот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.