Шкендија елиминирана од Лудогорец, ќе продолжи во Конференциската лига (ВИДЕО)

August 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Шкендија елиминирана од Лудогорец, ќе продолжи во Конференциската лига (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Шкендија е елиминиран од квалификациите за Лига Европа, откако по продолженија загуби со 4-1 на гостувањето кај Лудогорец и со вкупни 5-3 го заврши настапот во ова натпреварување. Тетовци ќе ја продолжат европската авантура во Конференциската лига. Лудогорец уште во првото полувреме ја потврди фаворитската улога. Веќе во 9. минута Куртулус донесе водство, а во 24. минута Чочев зголеми на 2-0. Со тој резултат се замина на одмор. Во второто полувреме Шкендија заигра многу подобро и во 64. минута Тамба по асистенција на Ибраими намали на 2-1, што беше резултатот од двата меча (3-3) и најави неизвесна завршница. Во самиот финиш Тамба имаше златна шанса да ја однесе Шкендија во групната фаза на Лига Европа, но неговиот лоб удар заврши крај голот. Во продолженијата бугарскиот тим повторно доминираше. Текпетеј во 98. минута зголеми на 3-1, а обидите на Шкендија да израмни останаа безуспешни, и покрај шансата на Ќака. Во 122. минута Бил го постави конечниот резултат 4-1. Со оваа победа Лудогорец обезбеди пласман во Лига Европа, додека Шкендија ќе продолжи во Конференциската лига, чија ждрепка е закажана за утре.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.