Белингем ќе биде суспендиран поради безобразниот гест?!

July 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Белингем ќе биде суспендиран поради безобразниот гест?!

Белингем би можел да го пропушти четвртфиналето против Швајцарија поради ужасниот гест кој го направи вчера откако при прославата Белингем имаше недолични гестикулации така што во еден момент се фати за меѓуножјето и се сврте кон клупата на Словачка. Тој потоа рече дека станувало збор за шега со неговите соиграчи кои биле блиску до словачката клупа, но тоа дополнително ќе се утврдува. Можната суспензија би бил сериозен удар за Англија. Англичаните по продолженијата ја победија Словачка со 2:1, а како противник за пласман во полуфиналето ќе ја имаат Швајцарија. Дуелот меѓу Англија и Швајцарија се игра во сабота од 18:00 часот во Дизелдорф.

УЕФА ќе го истражува овој инцидент, но „The Athletic“ пишува дека тој тешко ќе биде казнет.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.