Челси со победа над Фулам се искачи на врвот во Премиер лигата (ВИДЕО)

August 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси со победа над Фулам се искачи на врвот во Премиер лигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси со победа од 2-0 над Фулам во третото коло од англиската Премиер лига се искачија на врвот на табелата. Фулам прв се израдува на погодок преку Кинг, но радоста беше краткотрајна, откако ВАР го поништи голот поради прекршок. „Сините“ поведоа во судиското надополнување на првото полувреме со гол на Жоао Педро, кој со глава го матираше Лено. На стартот од вториот дел, Енцо Фернандез беше прецизен од пенал и ја потврди победата на тимот од „Стемфорд Бриџ“. Со оваа победа Челси се искачи на првото место со 7 бодови, а таму ќе остане најмалку до завршување на останатите средби од третото коло.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.