August 30, 2025 | | Македонија
Македонскиот шампион Шкендија првпат ќе игра во групната фаза на Конференциската лига, а денеска УЕФА го објави и официјалниот распоред на натпреварите. Тетовци добија ривали кои се сериозни противници, а дебито во ова натпреварување ќе биде вистински предизвик – гостување кај шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано во Мадрид. Распоред на Шкендија во Конференциската лига: •2 октомври, 18:45 → Рајо Ваљекано – Шкендија (гостување) •23 октомври → Шкендија – Шелбурн (дома) •6 ноември → Шкендија – Јагиелонија (дома) •28 ноември → Дрита – Шкендија (гостување) •11 декември → Шкендија – Слован Братислава (дома) •18 декември → АЕК Ларнака – Шкендија (гостување) Ова ќе биде историски настап за македонскиот клуб во групна фаза на европско натпреварување, а тетовци ќе имаат можност да се мерат со клубови од врвни европски лиги.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |