Реал Мадрид со пресврт до трета победа во Ла Лига (ВИДЕО)

August 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид со пресврт до трета победа во Ла Лига (ВИДЕО)

Реал Мадрид го продолжи максималниот ефект во новата сезона од Ла Лига, откако на „Сантијаго Бернабеу“ со пресврт ја совлада Мајорка со 2-1. Иако „кралевите“ дури пет пати ја тресеа мрежата, три од головите беа поништени – два на Килијан Мбапе поради офсајд и еден на Арда Ѓулер поради игра со рака. Гостите поведоа уште во 18. минута преку Ведат Муриќи, замолчувајќи ги домашните навивачи. Сепак, само за една минута Реал направи целосен пресврт – најпрво Арда Ѓулер израмни во 37. минута, а веднаш потоа Винисиус Жуниор стрелаше за конечни 2-1. Во второто полувреме, Мајорка имаше голема шанса за израмнување: Саму Коста со одличен удар го совлада Тибо Куртоа, но од гол-линијата спаси Карерас. Со оваа победа Реал има девет бода по три кола, додека Мајорка останува со само еден бод, но зад себе веќе ги има дуелите со двата најголеми фаворити за титулата – Барселона и Реал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.