August 31, 2025 | | Свет
По само еден тренинг во дресот на Глазгов Ренџерс, по вчерашната официјална промоција, Бојан Миовски стартува за својот нов тим и тоа во најголемото шкотско дерби – против Селтик.
Македонскиот напаѓач се враќа во шкотскиот фудбал по една сезона во Жирона, каде што на 22 настапи постигна само четири гола. Претходно, како член на Абердин, беше еден од најдобрите голгетери во лигата.
Токму поради тоа, во Ренџерс имаат големи очекувања од него, а првата голема шанса да се докаже ќе ја има веќе денеска на „Олд Фирм“ дербито, дуел кој почна во 13:00 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |