August 31, 2025 | | Свет
Интер доживеа изненадувачки пораз во второто коло од Серија А, откако на свој терен беше поразен од Удинезе со 2-1. „Нероазурите“ поведоа уште во 17. минута преку Дензел Думфрис и најавија нова победа по триумфот над Торино во првото коло. Сепак, гостите возвратија брзо – Дејвис реализираше пенал во 28. минута, а Ата во 40. минута донесе целосен пресврт за 2-1. Интер имаше повеќе од едно полувреме да стигне барем до бод, постојано напаѓаше, но не успеа да ја пробие одбраната на Удинезе. Во истиот термин Лацио на „Олимпико“ беше убедлив против Верона, славејќи со високи 4-0.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |