Барселона киксна на „Ваљекас“ – само реми со Рајо Ваљекано (ВИДЕО)

August 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона киксна на „Ваљекас“ – само реми со Рајо Ваљекано (ВИДЕО)

Барселона вечерва освои само бод на тешкото гостување кај Рајо Ваљекано (1-1). „Каталонците“ поведоа во 40. минута преку тинејџерот Ламин Јамал кој беше прецизен од пенал, откако токму врз него беше направен прекршок за најстрогата казна.

Рајо израмни во 67. минута преку Фран Перес, кој по лошата реакција на одбраната на Барса, ја затресе мрежата на Жоан Гарсија по изведениот корнер. Иако тимот на Ханси Флик доминираше со посед и напади, во завршницата можеше дури и да остане без бод, бидејќи разредената одбрана тешко се справуваше со контрите на домаќините. На крајот, голманот Жоан Гарсија спречи целосен дебакл за шампионот во мадридското предградие.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.