Ново скандалозно однесување на Луис Суарез откако Интер Мајами остана без трофеј (ВИДЕО)

September 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ново скандалозно однесување на Луис Суарез откако Интер Мајами остана без трофеј (ВИДЕО)

Луис Суарез повторно е во центарот на голем скандал по финалето на Лига купот, во кое неговиот Интер Мајами доживеа тежок пораз од 3-0 против Сиетл. Натпреварот наместо по головите ќе остане запаметен по инцидентот што го предизвика уругвајскиот напаѓач по завршниот свиреж. Суарез влезе во жестока расправија со асистентот Џин Рамирез, а кулминацијата на конфликтот беше моментот кога директно го плукна во лицето. Иако Рамирез избегна да реагира и да ја влоши ситуацијата, тоа уште повеќе го испровоцираше поранешниот голгетер на Барселона и Ливерпул. Се очекува Суарез да добие сериозна казна и суспензија од надлежните органи, а овој инцидент е уште една црна точка во кариерата на фудбалерот познат по бројни дисциплински прекршоци и контроверзии.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.