Флик самокритичен по ремито со Рајо: Не заслуживме повеќе од еден бод

September 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик самокритичен по ремито со Рајо: Не заслуживме повеќе од еден бод

Барселона не успеа да го продолжи победничкиот старт во Ла Лига и одигра само 1-1 на гостувањето кај Рајо Ваљекано. По натпреварот, тренерот Ханси Флик беше искрено самокритичен и призна дека неговиот тим едноставно не играл доволно добро за повеќе од реми. „Добро е што освоивме барем еден бод, бидејќи реално – не заслуживме повеќе. Направивме премногу грешки и во средниот ред и во нападот. Одбраната држеше ниво, но останатите линии не функционираа како што треба,“ изјави германскиот стратег. Флик потенцира дека „каталонците“ имале можности на крајот од првото и почетокот на второто полувреме, но во целина признa дека Рајо бил подобар противник и повеќе ја загрозувал нивната мрежа. За Барса, ова е прв кикс во новата сезона, по двете стартни победи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.