September 1, 2025 | | Свет
Последниот ден од летниот преоден рок донесе голема вест за навивачите на Бетис, но и за оние на Манчестер Јунајтед – клубот од Севиља успеа да се договори со англискиот гигант за перманентен трансфер на Антони. Бразилецот минатата сезона играше на позајмица во шпанскиот тим и со своите настапи остави одличен впечаток, па желбата и на клубот и на самиот фудбалер беше соработката да продолжи. На крајот, „црвените ѓаволи“ попуштија и прифатија понуда од 22 милиони евра фиксно, плус три милиони евра во бонуси, а дополнителен услов е дека тие ќе имаат 50% од идниот трансфер на Антони. Со тоа, англискиот гигант си обезбедува дел од потенцијалната заработка ако Бразилецот во иднина направи уште поголем трансфер. За Антони ова претставува нов почеток по тешкиот период на „Олд Трафорд“. Иако пристигна како второ најскапо засилување во историјата на Јунајтед (95 милиони евра од Ајакс), никогаш не успеа целосно да се наметне во Премиер лигата. Но, во Бетис повторно ја најде својата форма и довербата од тренерот и навивачите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |