Дарко Чурлинов се сели во Турција!

September 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дарко Чурлинов се сели во Турција!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и оваа сезона нема да има место во плановите на Барнли, па неговата иднина е се поблиску до турската Суперлига. Според последните информации од турските медиуми, Чурлинов постигнал договор со Кочаелиспор, клуб кој во моментов се наоѓа на 15-тата позиција на табелата со само еден освоен бод по првите четири кола. Наводно, македонскиот фудбалер се согласил на двегодишна соработка, а трансферот треба да биде финализиран до крајот на денот. Чурлинов веќе има искуство во Германија и Англија, а Турција би можела да биде нова шанса за него да се врати во вистинска форма и да обезбеди поголема минутажа во пресрет на репрезентативните обврски со Македонија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.