Наполи за Елмас: Горд е што е повторно со нас!

September 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Наполи за Елмас: Горд е што е повторно со нас!

Наполи преку официјалните канали на социјалните мрежи го потврди враќањето на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Елмас веќе добро го познава дресот на Наполи – го носеше цели пет години (2019–2024), во кои освои и Скудето, едно од најголемите достигнувања на клубот во поновата историја. По кратката авантура во РБ Лајпциг, каде што не ја доби посакуваната минутажа, македонскиот фудбалер повторно ќе има можност да се докаже на „Диего Армандо Марадона“ стадионот. „Елиф е горд што повторно е еден од нас“, стоеше во кратката објава на клубот од Неапол. Според договорот, Наполи има опција за целосен откуп на Елмас, но не и обврска. Неговото останување ќе зависи од настапите и формата што ќе ги прикаже во следниот период.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.