Штип подготвува спектакл – легендите на Брегалница и Црвена Звезда во чест на 100-годишнината

September 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Штип подготвува спектакл – легендите на Брегалница и Црвена Звезда во чест на 100-годишнината

Штип на 12 септември ќе биде домаќин на голем фудбалски спектакл по повод 100-годишниот јубилеј на Брегалница. На градскиот стадион ќе се одигра ревијален натпревар помеѓу легендите на Брегалница и славната белградска Црвена Звезда. Натпреварот ќе започне во 19:00 часот под рефлектори, а билетите веќе се пуштени во продажба по цена од 150 денари. Овој настан ќе биде вистинска спортска прослава во чест на долгата и богата историја на штипскиот клуб.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.