Статистика покажува дека Јунајтед купи голман кој знае да брани!

September 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Статистика покажува дека Јунајтед купи голман кој знае да брани!

Манчестер Јунајтед успеа да го комплетира трансферот на белгискиот голман Сене Леменс, кој пристигнува од редовите на Ројал Антверп на последниот ден од трансфер периодот. „Црвените ѓаволи“ веруваат дека токму Леменс може да биде големо засилување за иднината, имајќи предвид дека 23-годишниот чувар на мрежата се истакна со импресивни бројки во изминатата сезона. Во белгиската Про Лига тој одбрани вкупно 173 удари, што е за 20 повеќе од било кој друг голман во најсилните десет европски првенства – податок кој доволно зборува за неговата форма и квалитет. Леменс потпиша долгорочен договор до јуни 2030 година, со што Манчестер Јунајтед јасно стави до знаење дека смета на него како дел од иднината на клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.