Челси се ослободи од 21 фудбалер, но не и од оној кој најмногу заработува

September 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси се ослободи од 21 фудбалер, но не и од оној кој најмногу заработува

Челси е клубот кој ова лето најмногу заработи од продажби на играчи – „сините“ инкасираа околу 332 милиони евра и се ослободија од вистинска армија фудбалери. Дури 21 играч го напушти „Стемфорд Бриџ“, што е јасен сигнал дека клубот на Тод Боли продолжува со масовната реконструкција. Сепак, и покрај големото „чистење“, еден фудбалер остана проблем за Челси – Рахим Стерлинг. Англискиот репрезентативец е најплатениот во клубот со плата од околу 300.000 фунти неделно, но за него не се појави сериозен интерес на пазарот. Тоа значи дека Стерлинг, кој одамна не е во првите планови, најверојатно ќе ја мине есента на трибините, а на неговата сметка и понатаму ќе легнуваат милионски суми. Од „Стемфорд Бриџ“ си заминаа: Нони Мадуеке, Кристофер Нкунку, Жоао Феликс, Ѓорѓе Петровиќ, Лесли Угочукву, Кирнан Дусбури-Хол, Ренато Веига, Армандо Броја, Карни Чуквуемека, Николас Џексон, Матис Амуну, Башир Хамфрис, Кепа Аризабалага, Маркус Бетинели, Алфи Гилхрист, Бен Чичлев, Лукас Бергстром, Мамаду Сар, Мајк Пендерс, Кендри Паез и Арон Анселмино. Овој масовен егзодус овозможи клубот да ја стабилизира финансиската состојба по огромните трошоци во последните две години, откако Боли го презеде клубот од Роман Абрамович. Трансфер пазарот во Турција сè уште е отворен, па постои минимална шанса Стерлинг да замине, но засега нема најави за такво нешто. Ако остане, Челси ќе мора да го „трпи“ неговиот договор барем до јануари, што дополнително го усложнува балансот во составот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.