УЕФА одлучи: Барселона се враќа на „Камп Ноу“

September 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

УЕФА одлучи: Барселона се враќа на „Камп Ноу“

Според информациите на шпанскиот медиум RAC1, УЕФА го одобрила враќањето на Барселона на „Камп Ноу“ во текот на лигашката фаза од Лигата на шампионите, дури и ако првиот домашен натпревар против ПСЖ не биде одигран на овој стадион. Иако правилата на УЕФА не дозволуваат промена на стадионот во текот на лигашката фаза, во случајот на Барселона е направена отстапка бидејќи УЕФА знае дека изградбата на стадионот не зависи од клубот, туку од компанијата која работи на реновирањето на стадионот. Ако Барселона не успее да биде биде домаќин протв ПСЖ, тогаш дуелите против Олимпијакос, Ајнтрахт Франкфурт и Копенхаген се очекува да бидат одиграни на култниот стадион.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.