September 2, 2025 | | Македонија
Фудбалскиот клуб Брера Струмица денеска официјално ја потврди оставката на тренерот Панче Стојанов, кој се повлекува од клупата по само четири одиграни кола во новата сезона од Првата македонска лига. Од клубот објаснија дека заминувањето на Стојанов не е поврзано со резултатите, туку е од чисто лични причини. „Тренерот Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на АП Брера Струмица по четири првенствени кола. Оставката е лична и не се должи на постигнатите резултати на првиот тим на почетокот на оваа сезона. Тој верува во потенцијалот на екипата што ја предводеше, а оставката е од лични причини“, соопштија од клубот. Стојанов и лично ја образложи својата одлука. „Оставката е лична бидејќи не можам да ја исполнам мојата визија и планови со екипата во дадените околности. Оваа екипа има потенцијал и верувам дека со посветена работа ќе се исполни зацртаната цел, а тоа е опстанок во Првата лига.“ Со заминувањето на Стојанов, управата на Брера ќе мора итно да најде ново решение за кормилото, со цел тимот да остане конкурентен во борбата за опстанок.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |