Антони остана верен на зборот – го одби Баерн за да потпише за Бетис

September 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Антони остана верен на зборот – го одби Баерн за да потпише за Бетис

Во последниот ден од летниот преоден рок, Бетис ја официјализираше својата најголема зделка – Антони потпиша перманентен договор со клубот од Андалузија. Бразилскиот фудбалер, кој минатата сезона настапуваше како позајмен играч од Манчестер јунајтед, со своите настапи стана миленик на фановите, а сега дефинитивно се врати како мега ѕвезда. Иако имал конкретни понуди од поголеми клубови со далеку повисока плата, Антони одлучи да си го одржи зборот и да остане во Бетис. „Зборував со Баерн Минхен ден пред да биде готово со Бетис. Не знам дали платата беше колку што се пишува, не зборував за тоа. Но кога зборував со нив, им реков дека имам дадено збор на Бетис и дека 95% е завршена работата. Сакав да си го одржам зборот – од почит, наклонетост и затоа што сум среќен тука. Се чувствувам смирено со оваа одлука, со сето должно почитување кон Баерн Минхен, еден од трите најдобри клуба во светот. Не знам што ќе се случи во иднина“, изјави Бразилецот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.