Серхио Рамос стана пејач, го објави спотот за неговата песна (ВИДЕО)

September 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Серхио Рамос стана пејач, го објави спотот за неговата песна (ВИДЕО)

Серхио Рамос, еден од најдобрите дефанзивци во светскиот фудбал во изминатите две децении, на 39-годишна возраст реши да влезе во нова авантура – музиката. Шпанецот, кој во моментов игра за Монтереј во Мексико, ја промовираше својата прва песна и видеоспот. Песната го носи насловот „Сибелес“, инспирирана од познатата туристичка атракција во центарот на Мадрид – местото каде што Реал Мадрид традиционално ги слави своите титули. Во песната Рамос пее за своето заминување од „кралскиот клуб“ и за безграничната љубов која ја има кон Реал Мадрид. Спотот веднаш предизвика огромен интерес – само два дена по објавувањето на YouTube, „Сибелес“ собра повеќе од 2,5 милиони прегледи. Рамос не ја крие својата амбиција за новата кариера. Оптимистички најави дека сака да остави белег и во музичкиот свет, а неговата голема цел е во иднина да освои и Греми награда.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.