September 3, 2025 | | Свет
За многумина е изненадување што Манчестер Сити го доведе Џиџо Донарума. Според легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, овој трансфер не е идеален за тимот на Пеп Гвардиола. Познато е дека Гвардиола сака неговите голмани да бидат вешти со нозе и да учествуваат во играта како дополнителни „фудбалери за врска“. Донарума, според Сколс, не се истакнува со оваа вештина, па затоа неговото доаѓање му изгледа чудно. „Донарума е чуден ангажман на Пеп Гвардиола. Според мене, тој е фантастичен голман и веднаш би го донел во Манчестер Јунајтед, без размислување“, изјави Сколс. „Сити го доби за неверојатна сума, но Пеп сака неговите голмани да можат да играат со нозе како вистински фудбалери за врска. Тоа е и главната причина зошто Луис Енрике се откажа од Донарума – тој не е доволно добар во таа компонента. Не можам да видам како Донарума ќе се вклопи во стилот на Пеп и Манчестер Сити“, заклучи легендарниот Англичанец.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |