Капитенот на Мајорка збесна бидејќи детето на Барселона игра пред него, па си доби казна

September 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Капитенот на Мајорка збесна бидејќи детето на Барселона игра пред него, па си доби казна

Фудбалскиот клуб Мајорка соопшти дека капитенот Дани Родригез е суспендиран откако на социјалните мрежи јавно го критикуваше тренерот Јагоба Арасате и новиот член на тимот, Јан Вирхили. Изминатиот викенд Мајорка гостуваше кај Реал Мадрид, а Родригез целиот натпревар го проследи на клупата. По крајот на мечот, тој објави порака која крена голема прашина. „Бев исполнет со среќа од помислата дека моите деца ќе го гледаат својот татко како игра на ‘Бернабеу’. Никогаш не очекувај ништо од никого, прави работи за себе и својата страст. Почитта и љубовта од луѓето се заслужуваат на теренот. Жртвувај се за своите соништа, дури и кога ќе ти стават камења на патот. Работите се заслужуваат, не се подаруваат. А кога ќе ги заслужиш, двојно повеќе вредат“, напиша Родригез. Подоцна, Родригез ја појасни пораката, наведувајќи дека критиките се однесуваат на изборот на играчи од тренерот, посебно на младиот Јан Вирхили, кој со само еден тренинг се најде во тимот. Клубот реагираше строго – Дани Родригез е суспендиран, нема да се појавува на тренинзи, нема да прима плата и ќе остане без капитенската лента.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.