September 4, 2025 | | Македонија
Стрелецот на единствениот гол за Македонија на денешниот пријателски меч против Саудиска Арабија, Александар Трајковски, вели дека е среќен поради погодокот, но за него најголемо значење има конечниот резултат. Трајковски со ефектен погодок со ножички донесе водство за „црвено-жолтите“, но ривалот успеа да направи пресврт и да слави со 2-1. „Дадов прекрасен гол, среќен сум поради тоа, но за мене најважен е резултатот бидејќи сите играме како тим. Денеска ова беше контролен натпревар за нас пред Лихтенштајн. Противникот ги искористи нашите грешки, но важно е да ги извлечеме позитивните работи и да ги пренесеме во следниот меч,“ изјави Трајковски. Тој потсети дека серијата од десет натпревари без пораз е прекината, но не гледа причина за загриженост. „Некогаш победуваш, некогаш губиш. Треба да ги извлечеме најдобрите работи од секој натпревар. Најважно е да бидеме подготвени за Лихтенштајн, бидејќи тие три бода се клучни за нас.“ Трајковски додаде дека атмосферата во репрезентацијата е одлична и верува дека Македонија ќе продолжи на патот кон Светското првенство.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |