Луис Енрике доживеа несреќа со велосипед

September 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Луис Енрике доживеа несреќа со велосипед

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, доживеа несреќа додека возел велосипед во текот на денешниот ден во Франција. Шпанскиот тренер веднаш добил лекарска помош, но прегледите покажале дека има скршеница на клучната коска, поради што ќе мора да биде подложен на операција. Засега не е познато дали операцијата и периодот на опоравување ќе го спречат Енрике да седи на клупата на ПСЖ во претстојните натпревари.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.