Кристијано Роналдо направи сцена и турна навивач! (ВИДЕО)

September 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Кристијано Роналдо направи сцена и турна навивач! (ВИДЕО)

Селекцијата на Португалија денес ќе се соочи со Ерменија во квалификациите за Светското првенство, а пред натпреварот, главната ѕвезда Кристијано Роналдо беше дел од мал инцидент. Како и секогаш кога е во прашање Роналдо, еуфоријата кај навивачите беше огромна. Дел од фановите успеале да го пробијат обезбедувањето и да му се доближат. Во тој момент, португалскиот ас реагирал инстинктивно и турнал еден од нив кој се најде премногу блиску до него. Ситуацијата брзо била ставена под контрола од обезбедувањето и не прерасна во посериозен проблем, а Роналдо потоа продолжил кон соблекувалната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.