September 6, 2025 | | Свет
Јувентус летово сакаше да го продаде Душан Влаховиќ, откако двете страни не постигнаа договор за продолжување на соработката. Сепак, Србинот остана во Торино и многу извесно е дека следното лето ќе замине како слободен играч. Интер веќе започнал преговори со неговите менаџери за трансфер на „Џузепе Меаца“, но Влаховиќ нема намера да остане во Италија. Неговиот план е преселба во Премиер лигата, каде би добил бонус од 10 милиони евра само за потпис, а бара и фиксна годишна плата од најмалку 10 милиони евра. Причината за разделбата со „старата дама“ е токму финансиска. Јувентус бараше намалување на сегашната плата, додека Влаховиќ во последната година од договорот ќе инкасира 8 милиони евра фиксно, плус бонуси кои можат да ја зголемат сумата и до 12 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |