Трагедија во Бразил: Почина футсал голман (ВИДЕО)

September 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Трагедија во Бразил: Почина футсал голман (ВИДЕО)

Бразил е потресен по веста за смртта на 34-годишниот голман Антонио Едсон дос Сантос Соуза – Пиксе, кој трагично го загуби животот за време на футсал турнир во општината Аугусто Кореија. Несреќата се случи во моментот кога Пиксе одбрани пенал, а топката го удри директно во градите. Набрзо потоа тој се сруши на паркетот. Иако лекарските екипи веднаш интервенираа и го пренесоа во болница, таму само беше констатирана неговата смрт. Футсал федерацијата на државата Пара изрази голема тага и упати сочувство до неговото семејство и пријателите. Во соопштението, Пиксе беше опишан како спортист со огромна посветеност и личност која оставала силен впечаток и на теренот и надвор од него. По трагичниот настан, организаторите донесоа одлука натпреварувањето да биде веднаш прекинато.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.