Македонија против Лихтенштајн – три бода за враќање на првото место

September 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Македонија против Лихтенштајн – три бода за враќање на првото место

Македонија денеска од 18:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречека Лихтенштајн во натпревар од квалификациите за Светското првенство. По прекинот на долгата серија без пораз во пријателскиот меч со Саудиска Арабија, избраниците на селекторот Благоја Милевски ја имаат главната задача – да ги освојат трите бода и повторно да се вратат на врвот во групата. Иако Македонија на хартија важи за голем фаворит, селекторот предупреди дека потценување не смее да има, бидејќи модерниот фудбал често носи изненадувања од аутсајдерите. Добра вест е што Милевски ги има на располагање сите фудбалери и може да смета на најсилниот состав. Ова ќе биде 13-ти меѓусебен дуел меѓу двете селекции. Македонија има доминантен биланс – 11 победи и едно реми со вкупна гол-разлика од 45-5. Токму против Лихтенштајн, на 9 ноември 1996 година во Ешен, беше забележана и најголемата победа во историјата на македонскиот фудбал – 11-1.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.