Македонска еуфорија во Австралија – Ечеше „Бисер балкански“ на мечот на Престон Лајонс (ВИДЕО)

September 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Македонска еуфорија во Австралија – Ечеше „Бисер балкански“ на мечот на Престон Лајонс (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб на македонските иселеници во Австралија, Престон Лајонс, ја заврши сезоната по поразот во полуфиналето од плејофот за шампион на државата Викторија. „Лавовите“ беа поразени со 2-1 од Хејделберг, но и покрај елиминацијата, останаа во центарот на вниманието. Она што ќе се памети е атмосферата на трибините. Илјадници Македонци ги исполнија седиштата и во текот на сите 90 минути не престанаа да ја бодрат својата екипа. Австралиските медиуми посочуваат дека сцената била спектакуларна, особено кога заеднички ја запеаја „Бисер балкански“. Видеата од натпреварот брзо се проширија на социјалните мрежи, покажувајќи ја силната врска меѓу клубот и македонската заедница во Австралија, која уште еднаш потврди дека Престон Лајонс е многу повеќе од обичен фудбалски клуб – тоа е симбол на идентитетот и заедништвото на Македонците далеку од татковината.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.