September 8, 2025 | | Македонија
Дарко Чурлинов беше меѓу најактивните играчи во убедливата победа на Македонија со 5-0 против Лихтенштајн, а неговиот гол во второто полувреме ја заокружи одличната партија. По мечот, офанзивецот го сподели своето мислење за настапот и пристапот на репрезентацијата. „Она што го договоривме пред натпреварот, го реализиравме на терен и тоа ни донесе ваков убедлив резултат. Во денешниот фудбал нема лесни натпревари и никој не смее да игра со 70% од капацитетот – особено кога се носи дресот на државата“, истакна Чурлинов. Тој додаде дека Македонија секогаш мора да игра со максимална пожртвуваност и испрати јасна порака до сите идни ривали. „Во иднина ќе даваме 100%, а секоја репрезентација што ќе дојде во Скопје ќе мора да знае каде доаѓа и дека ќе мора да се испоти ако сака победа.“ Во октомври, избраниците на Милевски ги очекуваат две нови квалификациски пресметки – најпрво гостување кај Белгија, а потоа и домашен дуел со Казахстан.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |