Ламин Јамал нервозен по големиот триумф, го загуби пасошот! (ВИДЕО)

September 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ламин Јамал нервозен по големиот триумф, го загуби пасошот! (ВИДЕО)

Шпанија со убедливи 6-0 славеше на гостувањето кај Турција, но по натпреварот вниманието неочекувано го привлече мал инцидент во кој главна улога имаше Ламин Јамал. Според пишувањата на турските медиуми, младата ѕвезда на Барселона на крајот од мечот не можела да си го пронајде пасошот. Камерите забележале како Јамал вознемирено пребарува, дури се вратил и во соблекувалната, но документот никаде го немало. На крај, фудбалерот бил принуден да го напушти стадионот без пасош, што предизвика дополнителна доза на внимание околу овој невообичаен момент.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.