September 8, 2025 | | Свет
Претседателот на Фенербахче, Али Коч, откри зошто клубот одлучил да се раздели со трофејниот стратег Жозе Мурињо. Португалецот беше разрешен поради неисполнување на главната цел – пласман во Лигата на шампионите. Тимот беше елиминиран од Бенфика без постигнат гол во двомечот, што дополнително ја поттикнало одлуката на раководството. Коч призна дека прекинот на соработката не бил лесен, особено затоа што со Мурињо имал пријателски однос, но клучна причина била неговата дефанзивна филозофија. „Беше тоа тешка разделба… Самиот факт што успеавме да го доведеме во Фенербахче беше успех. Имавме добра хемија, но знаевме дека неговиот стил е дефанзивен. На крајот на сезоната разговаравме и заклучивме дека е време за поофанзивен пристап. Нашата ДНК е да даваме 99 голови и да освојуваме 99 поени. Начинот на кој бевме елиминирани од Бенфика е неприфатлив. Му се заблагодаривме за соработката, бидејќи веруваме дека тимот може да игра многу подобар и поатрактивен фудбал. Тоа што функционира во Европа, не мора да функционира во Турција – тука мора да доминираме“, објасни Коч.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |