September 8, 2025 | | Свет
Микел Артета се соочува со нови главоболки на стартот од сезоната. По повредите на Каи Хаверц и Букајо Сака, сега на списокот на Арсенал се најде и Вилиам Салиба. Францускиот дефанзивец го повреди мускулот на дербито со Ливерпул и според првичните прогнози ќе отсуствува најмалку еден месец. Тоа значи дека Арсенал ќе мора да се снајде без еден од своите најсигурни играчи во серија од седум натпревари. Во тој период „топчиите“ ќе играат со Нотингем Форест, Манчестер Сити, Њукасл и Вест Хем во Премиер лигата, со Атлетик Билбао и Олимпијакос во Лигата на шампионите, како и со Порт Вејл во Лига купот. Неговото место во одбраната ќе го преземе Матијас Хинкапи, кој пристигна на позајмица од Баер Леверкузен пред самиот крај на преодниот рок.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |