September 8, 2025 | | Македонија
Битола по повеќе од три децении повторно ќе биде домаќин на македонска репрезентација – утре младата селекција ја пречекува Италија во квалификациите за Европското првенство. Возбудата во градот е огромна, а интересот за билетите беше очекувано голем. Стадионот „Петар Милошевски“, кој неодамна доби нова трибина и сега има капацитет од над 8.500 места, вечерва беше прикажан во целосен сјај под светлото на рефлекторите. Нема сомнеж дека утрешниот натпревар, кој започнува во 18:15 часот, ќе биде вистински спектакл со полни трибини и фантастична атмосфера во Битола.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |