September 9, 2025 | | Македонија
Македонскиот напаѓач Марко Ѓорѓиевски ја продолжува кариерата во романската Суперлига, откако од Клуж се пресели во редовите на Херманштад. Иако го напушта Клуж, Ѓорѓиевски ќе остане во истото првенство, каде што ќе добие нова шанса да се наметне во дресот на тимот од Херманштад. Во својата досегашна кариера, 26-годишниот фудбалер настапуваше за повеќе клубови, меѓу кои Силекс, Брера, Вождовац и Шкупи. Херманштад моментално е на 11. место во романското првенство со седум бодови по осум одиграни кола, а очекувањата се дека Ѓорѓиевски ќе донесе свежина во офанзивата на екипата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |