Гатузо се радуваше, па се караше со играчите на Израел по лудата победа! (ВИДЕО)

September 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гатузо се радуваше, па се караше со играчите на Израел по лудата победа! (ВИДЕО)

Италија ја совлада Израел со 4-5 во возбудлив натпревар од квалификациите за Светското првенство што се одигра во Дебрецин. Херој на „азурите“ беше Сандро Тонали, кој во 91. минута го постигна победничкиот гол за конечни 4-5. Средбата донесе голема драма и тензија, кои продолжија и по последниот свиреж на судијата. Фудбалерите на двата тима влегоа во вербална расправија, а новиот селектор на Италија, Џенаро Гатузо, се обиде да ја смири ситуацијата. Сепак, само неколку секунди подоцна, и самиот избувна, свртувајќи се кон еден израелски играч и со гневни повици бараше од него да замолчи. По четири одиграни кола, Италија има три победи и еден пораз, што ја поставува на второто место во групата И.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.