Реал Мадрид повторно реши да ја бојкотира „Златната топка“

September 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид повторно реши да ја бојкотира „Златната топка“

Реал Мадрид нема да присуствува на свечената церемонија за доделување на „Златната топка“, која ќе се одржи на 22 септември. Причината за ваквиот потег е минатогодишното гласање, кога наградата заврши во рацете на Родри од Манчестер Сити, иако голем број очекуваа дека признанието ќе го добие Винисиус Жуниор. Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, и натаму е разочаран од исходот и затоа донел одлука клубот повторно да ја бојкотира церемонијата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.