September 9, 2025 | | Македонија
Башкими е новиот осминафиналист во Купот на Македонија, откако на гостувањето во Прилеп ја совлада Победа со убедливи 0-4. Кумановскиот прволигаш целосно го оправда фаворитскиот статус и со сигурна игра обезбеди пласман во следната рунда. Стрелци на головите за Башкими беа Хаџиќ, Мемети, Мислими и Аворнио. Со овој триумф се заокружува речиси целата листа на учесници во осминафиналето. Досега се познати 13 екипи, а освен директните финалисти Вардар и Струга, таму преку првото коло се пласираа и: Беласица, Пелистер, Работнички, Македонија ЃП, Силекс, Новаци, Охрид, Детонит, Брегалница, Шкендија Арачиново и Башкими.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |