Нема јануарска понуда – Ливерпул верува дека Геи ќе ги одбере нив

September 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нема јануарска понуда – Ливерпул верува дека Геи ќе ги одбере нив

Ливерпул ја смени стратегијата околу Марк Геи. „Црвените“ нема да доставуваат нова понуда за дефанзивецот на Кристал Палас во јануари, туку ќе почекаат да го ангажираат како слободен играч на крајот од сезоната. На последниот ден од летниот преоден рок трансферот беше практично договорен – Геи ги помина медицинските прегледи – но зделката пропадна бидејќи Кристал Палас не успеа да најде соодветна замена и го блокираше трансферот. Иако во медиумите кружеше информација дека Ливерпул ќе се обиде повторно во зимскиот преоден рок, од „Енфилд“ процениле дека нема потреба да плаќаат високо обештетување. Планот е да почекаат до летото и да го доведат репрезентативецот на Англија бесплатно, уверени дека Геи ќе го избере токму Ливерпул благодарение на проектот кој веќе еднаш му беше презентиран.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.