Кејн и Мадуеке за две минути ја ,,средија’’ Србија! (ВИДЕО)

September 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Кејн и Мадуеке за две минути ја ,,средија’’ Србија! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија, полна со самодоверба и поддршка од полниот стадион „Рајко Митиќ“, вечерва го пречека големиот фаворит Англија во рамки на квалификациите за Светското првенство. Сепак, домашната селекција не влезе најдобро во натпреварот. По нешто повеќе од половина час, Англичаните веќе водеа со 0-2. Најпрво, Хари Кејн по корнер погоди со глава за водство, а само четири минути подоцна и Нони Мадуеке се запиша во листата на стрелците. Србија ќе мора да брка негатива против еден од најсилните национални тимови во Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.