September 10, 2025 | | Свет
Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, имаше краток коментар по тежокиот пораз од Англија со 0-5 на „Маракана“. „Ноќ за заборав. Ми се чини дека ова мораше да се случи. Наидовме на квалитетен противник, тие не беа случајно вицешампиони на Европа. Постои голема разлика – во сите сегменти од играта: квалитет, брзина, физика. Реално, не можевме да очекуваме ништо подобро,“ изјави Стојковиќ за „ТВ Арена Спорт“. Овој пораз е најтежок во неговата селекторска кариера. Дополнителен удар за Пикси беше односот на публиката – тој беше исвиркан уште пред почетокот на мечот, а дел од навивачите скандираа „Пикси оди си“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |