Фенербахче најде наследник за Мурињо – Тедеско потпиша на две години

September 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фенербахче најде наследник за Мурињо – Тедеско потпиша на две години

39-годишниот италијански стручњак потпиша договор на две години и ќе го наследи Жозе Мурињо, кој беше отпуштен по елиминацијата на тимот во плејофот од Лигата на шампионите. Во стручниот штаб на Тедеско ќе биде и поранешниот капитен на „жолто-сините“ Ѓокхан Ѓонул, кој ќе ја има улогата на помошник. Тедеско се враќа во клупскиот фудбал по речиси двегодишна пауза. Последен ангажман му беше селекторската функција во Белгија, од која беше отпуштен во јануари. Претходно работеше во германскиот фудбал – најпрво во академиите на Штутгарт и Хофенхајм, а потоа и на клупите на Ауе, Шалке 04 и Лајпциг. Единственото искуство надвор од Германија му беше во Русија со Спартак Москва. Фенербахче по три одиграни кола во турската Суперлига има освоено седум бода, со биланс од две победи и едно реми.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.