September 10, 2025 | | Свет
Ламин Јамал денес е една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал и предводник на новата генерација на Барселона, но малку недостасувало во 2022 година да стане играч на Баерн Минхен. Германскиот „Билд“ откри дека „баварците“ биле на чекор до доведување на шпанскиот бисер во време кога Барселона се наоѓаше во финансиска и организациска криза. Според информациите, тогашниот спортски директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, во Мадрид се сретнал со Иван де ла Пења, застапник на Гави и Јамал. Планот бил двајцата да се преселат во Минхен, а за Јамал бил подготвен трансфер вреден пет милиони евра веднаш штом ќе наполни 16 години. Сепак, во меѓувреме во приказната влегол моќниот менаџер Жорге Мендеш, кој станал официјален застапник на младиот фудбалер. Преговорите со Баерн пропаднале, а Барселона успеа да го задржи својот талент. Пролетта 2023 година, на само 15 години, Јамал дебитираше за првиот тим на „Камп Ноу“ – момент кој го означи почетокот на неговиот експресен подем кон светската фудбалска сцена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |